Владата го усвои новиот предлог закон против пушење

Објавено: 2 јуни, 2026, во 12:19 часот

Новиот закон предвидува појасни правила за пушење во јавни и работни простори, како и прецизно регулирање на терасите на угостителските објекти. Воедно, за првпат се опфатени електронските цигари, загреаните тутунски производи и другите нови никотински производи. Предвидува и заострувањето на правилата за рекламирање и промоција на тутунски и сродни производи, особено во дигиталниот простор и на социјалните мрежи, со цел намалување на влијанието врз младите.

Од Министерството за здравство потенцираат дека целта не е ограничување насочено против пушачите, туку создавање поздрави јавни простори и почист воздух.

Според министерот за здравство , Азир Алиу, постојниот закон донесен е во 1995 година и не ги следи современите предизвици поврзани со електронските цигари, новите никотински производи, онлајн рекламирањето и влијанието на социјалните мрежи врз младите.

„Ова е важен чекор за јавното здравје и за заштита на децата, непушачите, работниците и граѓаните“, порача Алиу.

По усвојувањето на владината седница, Предлог-законот треба да влезе во собраниска процедура.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.