Освен во Лидл, за Македонците кои летуваат во Грција, еве каде најевтино можат да пазарат

Објавено: 15 јуни, 2026, во 10:06 часот

Илјадници Македонци и ова лето ќе ги наполнат плажите во Грција, која традиционално останува една од најомилените дестинации за одмор. Освен сонцето, морето и убавите таверни, за многумина важно прашање е и каде најисплатливо да се купуваат намирници, пијалоци и други потребни производи за време на престојот. 

Доколку сакате да заштедите и да го извлечете максимумот од својот буџет, добро е однапред да знаете кои супермаркети во Грција нудат најдобри цени, најголем избор и најчести попусти.

Добрата вест е дека во скоро секое одморалиште постојат неколку големи маркети со одлични цени, пренесува Женски магазин.

Најпознати ланци супермаркети кои ќе ги сретнете во Грција се:

*Lidl

*Masoutis

*Sklavenitis

*AB Vassilopoulos

Lidl и понатаму е најповолниот за повеќето основни намирници, пијалоци, грицки и хигиенски средства.

Sklavenitis важи за еден од најдобрите маркети кога односот на цените и квалитетот се во прашање.

Masoutis  е многу популарен на Халкидики и во Северна Грција, со голем избор на домашни производи.

My Market  е познат по честите акции и попусти

AB Vassilopulos нуди најголем избор на производи, но цените се повисоки.

Многу локалци основни намирници најчесто купуваат во Lidl, а свежи производи како месо и деликатеси во други маркети и локални пазари.

Дума.мк

Фото: Freepik.com
Извор: Grcka info

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.