Се повредила работничка во велешка фабрика, повредата санирана во Општа болница и пуштена на домашно лекување
Објавено: 17 јуни, 2026, во 11:40 часот
Општа болница Велес, вчера, пријавила во Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес дека била примена, дадени и биле здравствени услуги и помош на пациентка која се повредила на работно место во фабрика во Велес.
-Пациентката била примена, направени биле прегледи од специјалисти хирурзи и ортопеди кои ја проследиле на снимања и по добиените резултати од Компјутерски томограф констатирале повреда поточно скршеница на десен скочен зглоб на нога. Жената била задржана на Одделение за ортопедија каде и била поставена мобилизација. Потоа била пуштена на домашно лекување,“ соопшти портпаролката Ана Марија Џунџева на Општа болница Велес.
Инаку СВР Велес соопшти:
„ На 16.06.2026 во СВР Велес било пријавено дека во Општа болница Велес со повреда на ногата била донесена Ц.К.(49) од Чашка. Според пријавеното, таа со повредата се здобила при извршување работни задачи во фабрика во село Долно Оризари, велешко. Известен бил трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес,“ пишува во полициското соопштение.
Дијана Иванова

