Лица со попреченост пријавете ги здравствените прекршени права кај штотуку формираната општинска Комисијата во Велес (видео)

Објавено: 18 јуни, 2026, во 08:46 часот

Старатели и родители на лицата со попреченост секое нарушено право во делот на здравствената заштита можат да го пријават во формираната Комисија за унапредување на правата на пациентите на Општина Велес. Претседателката Лидија Димова, пензионирана судијка, пластично низ примери им објасни на присутните родители и старатели какви се претставки можат да поднесат во штотуку отворената канцеларија во зградата на Општина Велес. Во исто време да не се откажуваат и од претставките кај Народниот правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација.

Трибината со наслов: „Комисија за унапредување на правата на пациентите – можности и придобивки за лицата со попреченост“ се одржа во Велес и беше посетена од голем број на лица со попреченост со цел создавање на поинклузивно, поправедно и подостапно општество во кое правата и достоинството на лицата со попреченост се почитуваат и унапредуваат, рече Далиборка Златева претседателка на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.

Заменик министерот Јовица Андовски беше, исто така, присутен и говореше на трибината. Андовски одговори и на повеќе прашања на присутни родители и старатели кои се однесуваа и надвор од темата како што беше бањската рехабилитација и ускратеното право на придружбата на лице со попреченост да користи бесплатен претстој поточно тоа да го плати државата, по 21 година изгубено право на лице со попреченост за постојан паричен надомест поради работонеспособност и слично. Андовски за Дума.мк ги кажа плановите со кои министерството ќе излезе во пресрет за подобрување на состојбата.

Трибината во Велес ја организираа Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености во партнерство со „Порака“ – Неготино и „Еко-живот“ – Кавадарци.

во рамките на проектот „Соочување со предизвиците и стигматизацијата“, поддржан од програмата Цивика Мобилитас, финансиски поддржана од Владата на Швајцарија, а спроведувана од МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска.

Дијана Иванова

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.