Oбилен дожд, грмотевици, некаде и град
Објавено: 6 август, 2020, во 08:08 часот
6.08.2020
Претежно облачно, свежо и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од пладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни и некаде во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30л/м2), поинтензивни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.
Максималната температура до 29 степени.
И во следните денови продолжува периодот на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.


