Возрасен маж го бранел домот од мачки со поставена механичка стапица, го пријавиле во полиција

Објавено: 20 јули, 2026, во 12:30 часот

Осумдесет и пет годишниот Ќ.Б од кавадаречното село Ваташа бил вчера вечер пријавен во Одделение за внатрешни работи Кавадарци за поставена механичка стапица во дворот на неговиот дом во која се фатила улична мачка.

„На 19.07.2026 во 22:05 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека Ќ.Б.(85) од село Ваташа, кавадаречко, во дворот од домот поставил механичка стапица во која била фатена улична мачка. Од ветеринарен лекар мачката била ослободена и прегледана, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти Сектор за внатрешниработи (СВР) Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.