Сообраќајка со тешко повреден кавадарчанец на патот Градско – Прилеп
13.08.2020
На патот Градско – Прилеп, кај село Раец, вчера вечер околу 20.45 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(56) од Битола и патничко возило „ланчија“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(42) од Кавадарци.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Љ.П. Тој бил транспортиран од екипа на Итна помош на Здравствен дом Кавадарци во Опша болница Кавадарци.
-По констатираните тешки телесни повреди од страна на лекарите во Општата болница Кавадарци Љ.П бил транспортиран во Ургентен центар во Скопје. На местото на незгодата бил извршен увид од екипа на Полициска станица Кавадарци, рече Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Резултатите на увидот ќе ги покажат причините за сообраќајката./А.Д