Тешко повреден тракторист по превртување на трактор во кавадаречко Моклиште

Објавено: 26 мај, 2026, во 11:10 часот
Фото: Архива

Сообраќајната незгода се случила вчера, во 14:10 часот, во месност викана Моклиште  и во неа тешко повреден е трактористот  И.П од село Ваташа, соопшти Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.

„На 25.05.2026 во 14:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во атар на село Ваташа, кавадаречко, на нива во место викано Моклиште, трактор управуван од И.П.(67) од село Ваташа се превртел, при што возачот се здобил со повреди. На лице место му била укажана помош од страна на Територијална против пожарна единица Кавадарци и Итна медицинска помош Кавадарци, по што бил пренесен во Општа болница Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Известен е јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.