Издумани Крлевизми: „Чесниот крадец краде колку му е потребно, а потребно му е колку што може да украде“
Објавено: 31 јули, 2026, во 15:46 часот
За денешниот петок, афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски, за читателската заедница на Дума.мк напиша 10 нови афоризми. Тие гласат:
„Нескромно е да се фалиш со скромноста.“
„Чесниот крадец краде колку му е потребно, а потребно му е колку што може да украде.“
„Од сѐ туѓо, користам само туѓ мозок ( знаење ).“
„Човек сум и човек ќе останам!“
„Внимателно со богатите. Може да ве осиромашат и материјално.“
„Подароците ги примам во четири очи. За да можам и јас да ги подарам.“
„Славата е накит. Се може и без неа.“
„Подобро нељубезност отколку љубезност – маска.“
„Доверливиот не бара доверливост. Зошто да влегува во искушение?“
„Ако не помагате, не пречете! Барем за нешто да ве бива.“
Атанас Крлевски


