Апелација ја зголеми затворската казна на кавадарчанецот Илија Панов за фемицид над вонбрачната партнерка
Објавено: 5 август, 2026, во 12:22 часот
Апелацискиот суд во Скопје ја прифати жалбата на Основно јавно обвинителство Кавадарци и ја зголеми од 16 на 20 години казната затвор на осудениот Илија Панов (43) од Кавадарци кој беше огласен за виновен за кривичното дело за убиство со умисла (фемицид) на својата вонбрачна партнерка Сузана Серенакова (52) од Кавадарци од страна на Основен суд Кавадарци.
Првичната казна затвор во времетраење од 16 години беше изречена од страна на Основен суд Кавадарци, во месец декември 2025 година. Според обвинителниот акт соопштен за време на судската постапка во Основен суд Кавадарци, злосторството се случило во периодот меѓу 20 и 22 јануари 2025 година, во станот на жртвата, во Кавадарци.Телото на убиената жена го пронашла нејзината ќерка, на 22 јануари, во спалната соба, откако претходно упорно ја барала на телефон. На самото место имало видливи траги на пребарување и расфрлани предмети.
По првично изречената пресуда на Основен суд Кавадарци, иако беше осудителна, Основното јавно обвинителство Кавадарци, најави жалба.
Убавка Јаневска

