Продолжуваат пеколните горештини со температури до 40 степени

Објавено: 12 август, 2026, во 08:59 часот

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, гласи временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа и повремено ќе биде засилен.

Утринските температури ќе се движат од 14 до 21 Целзиусов степен, а максималните ќе достигнат од 32 до 40 степени.

Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.