Неготинец измамен за 280 илјади денари, на газда му работел но не добил пари за сработеното

Објавено: 28 август, 2026, во 12:24 часот

„На 27.08.2026 во 12:40 часот во ОВР Неготино, 66-годишен неготинец пријави дека бил измамен од машко лице за сума од 280.000 денари. Според пријавеното, тие усно се договориле пријавителот од септември 2025,  да биде работно ангажиран за одреден месечен надомест, но во периодот од јануари до август 2026 не бил исплатен, а во телефонски разговор пријавениот го навредувал и му се заканувал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.