Се намалува бројот на ученици но не и на паралелки во велешките училишта, годинава вкупниот број изнесува 6165 ученици
Објавено: 1 септември, 2026, во 11:57 часот
Во основните и средни училишта во општина Велес денеска, на 1 септември, во новата учебна 2026/27 година на училиште одат околу 6165 ученици.
Од нив 376 се првачиња.
Во основните училишта на територијата на општината учат вкупно 4.095 ученици и 2.070 ученици во четирите средни училишта.
И во учебната 2026/27 година се намалува бројот на ученици. Но останува ист бројот на паралелки и не се намалува бројот на наставници. На последната, 14 седница на Совет на општина Велес, одржана минатата недела, дадени се согласности од страна на Општина Велес, како основач, на сите основни и средни училишта за ист број на паралелки како и во минатата учебна година без разлика на бројот на ученици во нив.
Додека во член 53 став 4 од Закон за основно образование пишува дека бројот на ученици во една паралелка треба да изнесува од 20 до 30 ученици.
Убавка Јаневска


