Шест часа ноќва, велешките пожарникари и мештаните гаснеа пожар во село Теово, во општина Чашка
Објавено: 2 септември, 2026, во 10:04 часот
Дојавата за пожарот во Територијалната против пожарна единица Велес, била примена ноќва, два часа по полноќ, додека интервенцијата на пожарникарите траела во наредните шест часа.
Пожарот бил затекнат во развиена фаза. Гореле сува трева и грмушки, освен покрај железничката пруга Велес – Прилеп уште на две места во селото. Во гаснењето на пожарот интервенирале три против пожарни возила и седум пожарникари. Била вклучена и цистерна на јавното комунално претпријатие на Општина Чашка. Исто така гаснеле и жители на село Теово.
По шест часа, пожарот бил изгаснат, утрово, околу 08:00 часот. Сомнежите се дека бил запален од искри на воз кој сообраќал по пругата.
Убавка Јаневска


