Педесет и девет годишен велешанец пронајден мртов во автомобил во Велес
Објавено: 3 септември, 2026, во 12:15 часот
„На 02.09.2026 во 10:12 часот во Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес било пријавено дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес во своето возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, бил пронајден починат К.К.(59) од Велес. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.


