Топло време со температури до 39 степени, во некои места со дожд

Објавено: 2 септември, 2026, во 08:39 часот

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во некои места ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 15 до 21 Целзиусов степен, а дневните ќе бидат од 30 до 39 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а ветерот ќе биде слаб до умерен и од променлив правец.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.