Замина велешкиот ученичко – наставнички тим на „Плазма Спортски Игри за млади“ кон Сплит
Објавено: 17 август, 2026, во 08:11 часот
Патува за Хрватска, ученичко – наставничкиот тим на Велес, кој со солидна бројка од 35 млади спортисти, ќе се натпреварува на меѓународните „Плазма Спортски Игри за млади“ во Сплит. Тие се дел од националната делегација составена од вкупно 240 учесници од Македонија.

-Патувањето се реализира според планот. Во текот на денот очекуваме да стигнеме и да се сместиме во Сплит а потоа и да покажеме колку сме подготвени за да бидеме најдобри или меѓу најдобрите на овие меѓународни спортски игри за млади. Учениците кои ќе настапат во повеќе спортови и дисциплини се од ООУ „Панко Брашнаров“ во тенис, женска конкуренција и атлетика, машка конкуренција; ООУ „Блаже Конески“ во атлетика, женска конкуренција и народна топка 2017; ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во ракомет, машка конкуренција, како и одбојка на песок во машка и во женска конкуренција. Сите овие ученици обезбедија учество преку претходните фази од натпреварувањата кои се одржаа како општински, регионални и се победници на националниот натпревар во Македонија, рече Иле Попов претседател на Сојуз на училишен на Велес.

Попов, кој го предводи велешкиот спортско – малдински тим, додаде дека учениците добро се подготвени и имаат мотив да бидат најдобри што впрочем покажаа досега во три наврати кога ги освојуваа првите места – особено на националниот македонски натпревар. Тоа сепак се должи и на ангажманот на нивните наставници и училиштата во општината.

„Веруваме дека нашите млади спортисти достоинствено ќе го претстават Велес, своите училишта и Македонија, а покрај спортските резултати, од Сплит ќе понесат нови пријателства, искуства и спомени,“ им посакаа на учениците и наставниците од Сојузот на училишен спорт на Велес.
Дијана Иванова



