Дваесет и седум годишен маж фалсификувал сведителство за основно образование со намера да добие возачка дозвола

Објавено: 4 септември, 2026, во 12:41 часот

„Одделение за внатрешни работи (ОВР) Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Ѓ.К.(27) од Кавадарци поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. На 04.06.2026, тој во нотарска канцеларија во Кавадарци приложил за заверка фалсификувано свидетелство за завршено основно образование во основно училиште во Скопје, со намера документот потоа да го приложи во авто школа за полагање возачки испит,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.