Издумани Крлевизми: „Ако на челото носиш сонце ќе гледаш и низ најцрните облаци“
Објавено: 5 септември, 2026, во 11:00 часот
Нашиот соработник Атанас Крлевски, минатата недела за читателската заедница на Дума.мк, ги напиша редовните 10 афоризми кој што денеска ги објавуваме.
„Со долгите јазици не се наоѓа заеднички јазик.“
„Моето второ јас пати од комплекс на повисока вредност.“
„Пороците се како бара. Во нив лесно се влегува, а тешко се излегува.“
„Ако на челото носиш сонце ќе гледаш и низ најцрните облаци.“
„Кој бега од луѓето самиот си става сопка.“
„За клучот на среќата не постои клучар. Секој сам си го изработува.“
„Покрај кашлицата, не се крие и духот. И да го имаш и да го немаш.“
„Во љубовниот триаголник има една љубов и две омрази.“
„Жена ми нема време да работи. Постојано мисли на мене.“
„За мрзеливите досадата е забава.“
Атанас Крлевски


