Нема ден без огин на отворен простор, велешките пожарникари го изгаснаа пожарот во село Кочилари
Објавено: 7 септември, 2026, во 09:34 часот
Горела вчера боровата шума во село Кочилари.Дојавата за пожарот во Територијалната против пожарна единица (ТППЕ) Велес стигнала во 12:25 часот.
„На ден 06.09.2026 во 12:25 примена е дојава за запалена Борова шума во с. Кочилари. Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 1 против пожарно возило и 4 пожарникари спасители. По пристигнување на лице место почнато е со гасење на пожарот. По неколку часовна битка со пламените јазици пожарот е изгаснат,“ соопштија од ТТП Велес.
Оттаму со апел за голема внимателност од страна на граѓаните за да не се предизвика или соработка доколку се забележи пожар со пријава на бесплатниот телефонски број 112 или 193.
Убавка Јаневска


