Пијан маж со скоро три промили алкохол во крвта агресивно се однесувал кон сопругата и малолетната ќерка
Објавено: 7 септември, 2026, во 11:10 часот
Семејното насилство се случило, ноќва, во домот на агресивниот кавадарчанец, над неговата шест години помлада сопруга и малолетната ќерка, соопштија од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.
„На 07.09.2026 во 01:10 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода В.Г.(37), постапувајќи по претходна пријава дека во домот во Кавадарци агресивно се однесувал, фрлал предмети кон неговата 31-годишна сопруга и им се заканувал на неа и на нивната малолетна ќерка. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека В.Г. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,97 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ додадоа од СВР Велес.
Убавка Јаневска


