Младите фудбалерки од Лозово нижат резултати – трето место на „Охридски женски куп 2026“
Објавено: 11 септември, 2026, во 12:06 часот
Фудбалска Академија „Работник Галактикос“ од Лозово учествуваше со женска фудбалска екипа, која брои голем број на девојчиња, на „Охридски женски куп 2026“. Екипата продолжува да ниже резултати со освојување на третото место и бронзениот медал на овој куп.
„Меѓу одличните млади фудбалерки играше и Михаела Наумова, која беше избрана меѓу најдобрите фудбалерки на турнирот “, соопштија од „Работник Галактикос“ .

Исто така, две млади фудбалерки, Исидора Илиевска и Роза Стамкова, добија повик за женската репрезентација на Македонија У16 за престојниот UEFA развоен турнир во Струмица. Девојките ќе настапат на три меѓународни натпревари против Турција , Молдавија и Црна Гора .
Убавка Јаневска


