Превентивни активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот
Објавено: 17 септември, 2026, во 14:59 часот
Полициски службеници од Отсекот за превенција на Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес со превентивни активности во рамки на кампања „Безбеден град“. Тие имаат за цел информирање на учесниците во сообраќајот за начинот на функционирање на системот и неговата улога во навремено откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци.
На возачите во Велес, Кавадарци и Неготино им укажуваат на обврската за прилагодување на брзината според сообраќајната сигнализација и условите на патот, а на пешаците за обврска улицата да ја минуваат на обележан пешачки премин и да не користат мобилен телефон и слушалки.
Убавка Јаневска

