Издумани Крлевизми:„ Жалењето за минатото не е болест. Состојба е!“

Објавено: 18 септември, 2026, во 10:12 часот

Од напишаните афоризми за оваа седмица, нашиот афористичар и сатиричар, Атанас Крлевски за заедницата на читатели на Дума.мк ги издвои следниве десет:

„Осамените нема кого да изгубат, освен осаменоста.“

„За современите жени џентлмен e полниот паричник.“

„Се затворив во себе, а клучот го загубив.“

„Само банкарот има есап да брои туѓи пари. Добива камата.“

„Залудно ми фрлате прашина во очите. Јас гледам со умот.“

„Заборавив! Значи не ме потсетија.“

„За тајните се шепоти. Затоа креваат врева.“

„Мојата точка на гледање е на туѓа територија.„

„Жалењето за минатото не е болест. Состојба е!“

„Загубата на потпората ја намалува потребата за неа.“

Вашиот,

Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.