Спуштена е завесата на 23 Фестивал на античка драма „Стоби 2026“ (фото)
Објавено: 25 септември, 2026, во 12:31 часот
Заменик градоначалничката на Велес, Елизабета Митревска Ангелеска ја врачи Гран При наградата за најдобрата претстава „Лисистрата“ во режија на Никола Завишиќ на годинешното, 23 издание на Фестивалот на Античка драма „Стоби“ на актерот Игор Филиповиќ на Народно позориште „Тоша Јовановиќ“ од Зрењанин, Србија.

Наградата за најдобра режија ја доби режисерот Дејан Пројковски за претставата „Падот на Масада“ од претседателката на фестивалската Жири комисија Весна Димитрова Богоевска.

На актерот Александар Степанулески, наградата за најдобра машка улога, во претставата „Падот на Масада“ на Драмски театар од Скопје му ја врачи актерката Кети Борисовска, член на годинешното фестивалско жири.

Актерката Јелена Жугиќ, наградата за најдобра женска улога во претставата „Падот на Масада“ на Драмски театар од Скопје ја доби од Пеце Ристовски, член на Жири комисија на ФАД „Стоби“.

Во чест на годинешните лауреати, вчера вечер, актерите на штипски Театар ја одиграа претставата „Сите прекраси нешта“.

ФАД „Стоби 2026“ се одржа од 15 до 24 септември кога беа одиграни вкупно шест од кои пет претстави беа во конкуренција за фестивалските награди. Освен од Македонија гостуваа театри од Сардинија, Италија и Зрењанин,Србија.
Фествалот го финансираа Општина Велес и Министерствот за култура.
Убавка Јаневска


