Во Општина Росоман – Четврта форумска сесија „Зајакнување на општински совети“

Објавено: 30 септември, 2026, во 16:04 часот

Општина Росоман, вечерва, со почеток во 19:00 часот, во малата сала во ООУ „Пере Тошев“ во Росоман ја спроведува Четвртата форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“.

На оваа финална форумска сесија учесниците ќе имаат можност да ги приоретизираат предлог проектите кои го поминаа форумскиот процес и да одберат еден проект кој сметаат дека е значаен за развојот на локалната заедница.

„Вашето присуство и активно учество ќе биде од особено значење и ќе придонесе за успешна реализација на регионалниот форумски процес,“ гласи повикот од општината.

Станува збор за проект на УНДП, Министерство за локална самоуправа и Амбасада на Швајцарија во Република Северна Македонија.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.