Ведро и студено утро со топол и сончев ден
Објавено: 2 октомври, 2026, во 08:47 часот
Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат дека следува период на стабилно време. Во наредните денови ќе имаме сончеви и релативно топли денови додека ноќите ќе бидат ведри и тивки. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.
Дума.мк


