Издумани Крлевизми: „Во театарот – живот бидете текстописци, режисери и глумци, а никако гледачи!“

Објавено: 16 октомври, 2026, во 11:25 часот

Афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски за читателите на Дума.мк ги сподели најновите 10 афоризми, напишани во изминатава недела:

Добрината е свест и совест. Љубовта е нешто друго.

Комшивката пред неа мечка не гледа, ама ја гледа секоја наша мана.

Новиот ден е бел лист. Исполни го, ама знај дека хартијата трпи сѐ!

Правилно воспитаните деца самите си исполнуваат многу желби.

Не држете се настрана! Ќе застраните.

Во театарот – живот бидете текстописци, режисери и глумци, а никако гледачи!

Ако си се искачил на Олимп, не значи дека си станал Бог.

Хуморот е голем одмор меѓу две сериозности.

Брбливци ми го замолчија талентот.

Модерно време: малку мудри – многу итреци!

Вашиот,

Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.