Издумани Крлевизми: „Ако ве влечат за нос, нема да ви ја удрат клоцата“
Објавено: 9 октомври, 2026, во 10:19 часот
Дума.мк ги објавува десетте најнови афоризми на својот соработник познатиот афористичар и сатиричар Атанас Крлевски и овој петок во неговата рубрика „Уздумани Крлевизми“:
„Сѐ и веднаш!“ е надвор од умот.
Ако ве влечат за нос, нема да ви ја удрат клоцата.
Влегов на мала врата. Ползејќи!
Ѓаволот е на маки. Не стигнува да сади тикви со секој што сака.
Денес, никој не се продава за пари. Време е на безготовинско плаќање.
Пијам на државна чешма: вотка, виски…
Жена ми сака секогаш да сум до неа. По потреба да чукне во дрво.
И во некои златни времиња тенекијата би останала тенекија.
Не го пуштам мозокот на пасење. Се плашам да не влезе во туѓа глава.
Од зборови ќе преминам на дела. Чесен збор!
Атанас Крлевски


