Пожар избил во угостителски објект во Велес, го изгаснале велешките пожарникари
Објавено: 17 октомври, 2026, во 12:11 часот
„На 16.10.2026 година, во Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес било пријавено дека околу 14:45 часот настанал пожар во угостителски објект во Велес, сопственост на П.Т.(49) од Велес.
Од пожарот биле зафатени летната тераса на објектот и кровна конструкција, а настанало оштетување и во дел од внатрешните простории. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, “ соопштија од СВР Велес.
Информација за овој пожар соопштија и од Територијалната против пожарна единица Велес. Во нивната објава пишува:
„На ден 16.10.2026 во 16:28 примена е дојава за задимување на ул. Благој Ѓорев бр.99 кај Давинчи паб. Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 2 против пожарни возила и 6 пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пожарот е изгаснат.“
Убавка Јаневска


