ЕМГ кабинет отворен во кавадаречката Општа болница

Објавено: 16 октомври, 2026, во 15:19 часот

Јaвна здравствена установа Општа болница Кавадарци – со проширена надлежност отвори  Кабинет за електромиографија (ЕМГ) со што ги проширува можностите за невролошка дијагностика и унапредување на здравствената заштита во Тиквешкиот регион.

Станува збор за значајна дијагностичка метода за испитување на функцијата на периферните нерви и мускули, која помага во откривање и проценка на различни невролошки состојби.

„Со воведувањето на оваа услуга, на пациентите им се овозможува полесен пристап до потребните дијагностички испитувања, без потреба за патување во други здравствени установи за секоја ваква услуга,“ напишаа од кавадаречката Општа болница.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.