За „Безобзирно управување со моторно возило“ по жалба на ОЈО Кавадарци скопска Апелација преиначи парична во казна затвор
Објавено: 21 октомври, 2026, во 10:14 часот
Апелациониот Суд Скопје одлучувајќи по член 297- а од Казнен законик за изречена мерка парична казна во висина од 2 илјади евра за кривично дело „Безобзирно управување со моторно возило“ на Кавадарчанец ја прифати жалбата на Основно јавно обвинителство Кавадарци и ја преиначи во шест месечна казна затвор.
Станува збор за случај кога осудениот возач е Кавадарчанец кој возел автомобил со 3,21 промили алкохол во крвта низ улиците на Кавадарци.
Исто така, за овој осуденик , скопска Апелација ја потврди изречената забрана за управување возило од „Б“ категорија во времетраење од 2 години на Основен суд Кавадарци што ќе започне со примена кога тој ќе ја издржи затворската казна.
Бројот на овие кривични дела е многу голем и ова е прва затворска казна на територијата од надлежност на ова кавадаречкото основно обвинителство.
Убавка Јаневска


