Се воведува современа технологија за откривање дефекти во градската водоводна мрежа во Општина Кавадарци
Објавено: 13 октомври, 2026, во 16:11 часот
Станува збор за поставување на 20 акустични сензори на исто толку улици во градот кои што преку 24-часовни мерења и обработка на податоците во специјализиран софтвер, ќе овозможат попрецизно лоцирање на потенцијалните загуби на вода.

Сензорите се поставени на улиците „Ѓорѓи Соколов“ и „Шишка“, а во наредниот период ќе продолжат и на улиците „Илинденска“, „Тиквешко востание“ и на други локации во градот.

„Со примената на оваа технологија ќе се овозможи откривање дефекти што тешко се забележуваат со вообичаените методи, без непотребно оштетување на постојната инфраструктура,“ соопштија од комуналното претпријатие.


Проектот го реализираат ЈКП „Комуналец“ и Општина Кавадарци за откривање дефекти и истекувања во водоводната мрежа и за поефикасно управување со водните ресурси во интерес на граѓаните.
Убавка Јаневска


