Малолетно девојче дошло повредено на училиште во Велес, надлежните институции истражуваат кој и ги нанел повредите
Објавено: 27 октомври, 2026, во 15:53 часот
Центар за социјални работи Велес вчера, понеделник, 26 октомври, го известил Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес дека од стручни служби на општинско основно училиште во Велес биле информирани дека на настава дошла нивна ученичка, со видливи повреди. Девојчето било однесено на лекар, соопштија од СВР Велес.
„На 26.10.2026 година во СВР Велес, од Центар за социјални работи Велес било пријавено дека од стручна служба во основно училиште во Велес биле известени дека кај нивна ученичка биле забележани видливи повреди, по што кај детето бил извршен лекарски преглед. Во врска со пријавеното, полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 57-годишна велешанка, законски старател на детето, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава,“ пишува во соопштението на СВР Велес.
Убавка Јаневска


