Новиот директор на АХВ, Андовски: „Очекувам посветена и професионална работа со конкретни резултати во интерес на граѓаните“
Објавено: 4 ноември, 2026, во 13:05 часот
Екс заменикот за здравство Јовица Андовски ја превзеде директорската функција во Агенцијата за храна и ветеринарство. По вчерашното именување на седницата на Влада, денеска, во АХВ се одржа примопредавање од страна на досегашниот директор Оливер Миланов.
Дума.мк го прашаше Андовски за неговите приоритети и предизвици во работењето на државната Агенција за храна и ветеринарство:
-Мој приоритет ќе биде унапредување на ефикасноста и професионалноста во работењето, зајакнување на контролите и доследно спроведување на законите. Верувам во тимска работа, стручност и одговорност. Заедно со вработените, ќе работиме на градење на уште посилна, поефикасна и транспарентна институција, чија основна задача е заштита на храната, здравјето и благосостојбата на животните. Очекувам посветена и професионална работа со конкретни резултати во интерес на граѓаните.
Јовица Андовски е дипломиран економист, од Велес, кој што како кадар на Социјалистичка партија на Македонија досега во два мандати ја извршуваше функцијата заменик министер за здравство (2012 -2017 и 2024 – 2026). Андовски во АХВ го наследува својот партиски колега Оливер Миланов кој по професија е лекар – стоматолог.
Убавка Јаневска


