Лажни „смс пораки“ од системот Безбеден град повторно на телефоните на велешани
Објавено: 12 ноември, 2026, во 16:54 часот
Во изминатите денови само неколкумина граѓани од Сектор за внатешни работи Велес побарале објаснување во врска со пристигнати СМС пораки што ги добиле за наводни сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“. Бројот на велешани кои непријавиле или непобарале совет е сепак поголем, дознава Дума.мк.
На прашањето дали има случаи на пријави и колкав е нивниот број, од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес одговорија:
„Полициски службеници од СВР Велес ги информираат граѓаните со појаснување дека станува збор за лажни пораки со линкови, преку кои се бара од граѓаните да пристапат до наведените веб страни и да остават свои лични податоци, потенцирајќи им дека линковите во пораките не се официјални веб страни на Министерството за внатрешни работи и апелира граѓаните да бидат внимателни, да не отвораат сомнителни линкови и да не оставаат свои лични податоци, соопшти портпаролката Ана Милевска Ѓеоргиева.
Таа додаде дека на веб страната и социјалните мрежи на Министерството за внатрешни работи, веќе се објавени и детални објаснувања за тоа на кој начин се испраќаат официјалните известувања за сторени сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“, како и пример од тоа како изгледаат лажните СМС пораки кои дел од граѓаните ги добиле како и дека министерството презема мерки и активности за откривање и санкционирање на сторителите на овој вид измами.
Убавка Јаневска


