Возач не запрел возило на полициски знак во Превалец и по него се трага, сопатниците кои бегале и фрлиле дрога завршиле во полициска станица Велес

Објавено: 18 ноември, 2026, во 11:52 часот
Фото: Архива на Дума.мк

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес, вчера напладне, во 12:30 часот, во велешката населба Превалец  се обиделе да запрат патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од машко лице, во кое имало двајца сопатници, но возачот не го запрел возилотo и продолжил со движење.

„Притоа, еден од сопатниците фрлил марихуана од прозорецот, по што возачот сопрел и лицата се дале во бегство. По кратко биле пронајдени сопатниците во возилото, 15-годишен малолетник и Т.М.(18), двајцата од Велес. Т.М. бил лишен од слобода, а со малолетникот во присуство на родител бил извршен службен разговор. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот. По целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци,“ соопштија од СВР Велес.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.