Општина Росоман во работата ќе ја воведе алатката е-услуги
Објавено: 20 ноември, 2026, во 15:42 часот
.Општина Росоман во работата ќе ја воведе алатката е-услуги. На барање на Градоначалникот Ѓорги Крстевски, Советот на општина Росоман, ја изгласа одлуката за потпишување на договор со Министерството за дигирална трансформација. Крстевски ги потенцира потребата и предностите коишто ќе ги добијат жителите на оваа рурална општината во Вардарски плански регион со отворање на канцеларијата за е – услуги.
-Бенефитот е исто како со Подрачна единица на земјоделие. Ќе се отвори подрачно одделение е-услуги. Тоа веќе го има во поголемите градови, ќе бидеме меѓу првите рурални општини и ќе можат граѓаните да аплицираат за оружје, за лична карта, за извод, за многу услуги кои што се користат преку оваа дигитална алатка,“ рече Крстевски.
Убавка Јаневска


