Струмичани приведени во Полициска станица во Велес за тепачка со телесни повреди на жена
Објавено: 24 ноември, 2026, во 11:28 часот
Тепачката се случила вчера вечер на улица во Велес во која учествувале четворица жители на струмичкото село Бањица и жена од нивното село, соопштија од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.
„На 23.11.2026 во 22:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги приведоа Н.В.(21), Т.М.(30), Б.Ј.(49) и О.В.(49), сите од село Бањица, струмичко. На улица „Ангел Мишев“ во Велес, тие го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувала и 31-годишната Л.М. од село Бањица. Притоа, Н.В. со дрвен предмет ѝ нанел телесни повреди на Л.М., констатирани во Општа болница Велес. Предметот бил пронајден и одземен, лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.“
Убавка Јаневска


