Бизнис идејата „Што понатаму?“ на гимназијалките во натпреварот „Средношколец Милионер“ влезе во ТОП 60 – и се потребни гласовите на велешани
Објавено: 24 ноември, 2026, во 12:13 часот
Тим во кој што се ученичките Дориа Гиовски, Емилија Босилкова, Сара Јовевска, Тифани Михајловска и Вања Масевска од l-4 клас, на СОУ “Гимназија Кочо Рацин“, создадоа бизнис идеја „Што понатаму?“ за натпреварот „Средношколец Милионер“ која е избрана меѓу ТОП 60 на овој натпреварот.
Главната цел на идејата е да се олесни патот на младите кон нови можности, искуства и остварување на нивните амбиции.
„Што понатаму?“ е дигитална платформа создадена од средношколци за средношколци, која користи вештачка интелигенција за да им помогне да ги откријат можностите за својата иднина во странство. Преку персонализирани препораки, платформата ги поврзува нивните интереси, способности, академски достигнувања и финансиски можности со соодветни странски универзитети, волонтерски проекти и Work and Travel програми.
На овој тим му е потребна поддршка од велешани. Уште денеска и утре гласајте за идејата на овие млади средношколци за „Што понатаму?“ да го продолжи натпреварот. Кликнете и оставете го вашиот глас на https://milioner.mk/…/2e4f61ed-492f-4f14-b6f1-0484375b02d6
Убавка Јаневска


