Градинките од денес почнуваат со работа
Објавено: 9 септември, 2020, во 06:50 часот
09.09.2020
Установите за згрижување и воспитување на деца од утринава почнуваат со работа. Сите такви установи во земјава, согласно протоколите за функционирање во услови на пандемија со Ковид-19, имаат капацитет да примат 19.000 деца, а досега интерес за згрижување покажале родителите на 14.555 деца.
Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување деца го донесе Комисијата за заразни болести, а со него се овозможува реализација на процесот под посебни мерки за превенција од ширење на коронавирусот. Протоколот опфаќа план на активности и делување кои се однесуваат на самата установа, на воспитно-згрижувачкиот кадар и на родителите на децата кои ќе посетуваат градинка.
