Голем интерес од возрасни граѓани за вакцинација, против сезонски грип досега вакцинирани 1.200  

Објавено: 25 ноември, 2026, во 14:32 часот

За неполн месец во Центар за јавно здравје Велес вакцинирани се 1.200 граѓани и голем е бројот на тие што дневно и неделно доаѓаат за да проверат зошто не добиле смс порака за вакцинирање. Така беше и денеска кога возрасни брачни двојки доаѓаа во Центарот и бараа проверки во списоците за да не ги најдат случајно нивните имиња.

Имунизацијата тече со тоа што од недела во недела се зголемува бројот на термини а министерството за здравство на велешкиот Центар му стави на располагање 2.500 вакцини, вели д-р Бојан Тодоровски специјалист епидемиолог.

-Сега имаме дневно по 120 термини за вакцинација. Пријавувањето за тие што сеуште не се регистрирале трае преку сајтот vakcinacija.mk за да закажат термин и да можат да дојдат за да се вакцинираат. Се аплицира корејската вакцина „GCFLU multi“ . Очекуваме до месец декември да завршиме со процесот на вакцинација, додаде д-р Тодоровски.

Во Центарот се вакцинираат граѓани на трите општини Велес, Градско и Чашка.

Убавка Јаневска


Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.