Браќата Усеини пуштени од притвор

Објавено: 11 септември, 2020, во 16:01 часот

useini fin

11.09.2020
Советникот од ДУИ во Советот на Општина Охрид, бизнисменот Нефи Усеини и неговиот брат вчера попладне излегле од притвор и ќе се бранат од слобода.

.Иако на браќата им беше продолжен притворот за 30 дена, тие понудиле гаранција во недвижности во вредност од 850 илјади евра, односно по 425 илјади евра, која им е прифатена. Пред тоа тие нуделе гаранција од по десет илјади евра, но не им беше прифатена.

Тие се обвинети за напад врз охриѓанецот Спирко Топаловски. Судскиот процес треба да започне кон крајот на месецов.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.