Прислушувани новинари сведочеа во „Таргет-Тврдина”, судскиот процес продолжува на 30 септември

Објавено: 22 септември, 2020, во 17:21 часот

Target Tvrdina fin

22.09.2020

Во Основниот кривичен суд во Скопје на 30 септември продолжува судењето за аферата за прислушувањето, познат во јавноста како „Тврдина-Таргет”, со сослушување на оштетени сведоци.

Пред крајот на денешното рочиште сведочеа новинарите Душица Мрѓа, Васко Попетревски, Среќко Поповски и Оливера Трајковска, кои се изјаснија дека од лидерот на СДСМ добиле папки со транскрипти од нивни прислушувани разговори, како и од смс пораки. Потоа, од страна на поранешното Специјално јавно обвинителство им било потврдено дека се прислушувани подолг период. Тие наведоа дека се чувствуваат оштетени и оти ќе бараат оштета.

Мрѓа истакна дека било „јавна тајна” оти им се прислушуваат телефонските разговори на новинарите.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.