Пронајден починат маж во стан во Велес
Објавено: 25 септември, 2020, во 16:23 часот
25.09.2020
Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 10.00 часот на ул.„Славко Ѓоргиев“ во Велес, во својот стан бил пронајден починат С.А.(64).
Како што соопшти МВР, од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, без траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција./С.А


