Се тепале млади лица од селата Пепелиште и Тимјаник, неготинско
Објавено на 28 септември, 2020 во 10:01
28.09.2020
Во село Пепелиште, неготинско, рано утринава бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.В.(35) и Ѓ.М.(30), од една страна и Д.С.(30) и А.С.(31) од село Тимјаник, од друга страна.
Тепачката се случила еден час по полноќ. Тогаш била пријавена во Полициска станица Неготино.
-По целосно документирање на случајот, ќе биде поденесена соодветна пријава, рече Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес./
Мите Јаначков