Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на мажот што вчера исчезна во Дренска река

Објавено на 28 декември, 2020 во 09:42

reka

28.12.2020

Утрово е пронајдено  телото на мажот што вчера исчезна во Дренска река, демиркаписко, за редакцијата на Дума.мк потврди, портпаролот на СВР- Велес, Верољуб Додевски. Тој рече дека полицијата заедно со Јавен обвинител, во моментов вршат увид на местото на настанот.

Жител на селото Дрен за Дума.мк, изјави дека потрагата по човекот која се одвивала по течението на реката, траела цела вечер, а во неа заедно со полицијата учествувало локалното население на село Дрен, како и фамилијата на лицето, но и многу други луѓе.

Неофицијално, за жал, потрагага имала трагичен крај и лицето е пронајдено без знаци на живот.

– Дренска Река вчера многу надојде. Човекот заедно со уште двајца се враќал од планинското ненаселено село Копришница. За да влезат во село Дрен мора да ја минат дренска река која вчера, заради обилните дождови беше многу надојдена. Тие се обиделе со џипот да ја минат реката. Но, реката го завлекла џипот, при што, другите двајца се спасиле,  додека едното лице исчезнало во реката, раскажа еден од мештаните на селото Дрен, кое се наоѓа кај Демир Капија.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.