Променливо облачно со сонце во текот на денот и дожд вечерва
3.01.2021
Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со врнежи од дожд од рано наутро, а на планините на запад ќе има снег. Преку ден ќе има и сончеви периоди, а веќе кон крајот на денот повремен дожд во југоисточните и крајните западни делови од државата. Ќе дува и умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 3 до 8 степени, а дневната од 8 до 14 степени.
Во Скопје наутро ќе има повремен дожд, а потоа во текот на денот и сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Нови врнежи од повремен дожд ќе има во вечерните часови. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во следните денови ќе биде врнежливо. Нови врнежи, наместа пообилни, ќе има од ноќта кон понеделник, а во вторник услови за појава на дожд ќе има во крајните западни делови. Од среда ќе биде малку постудено и во тој период врнежите на планините ќе бидат од снег, а снег може повремено да провејува и на некои повисоки места. Во останатите делови ќе врне дожд.