Нивото на реката Вардар е намалено и нема опасност од излевање
Објавено на 15 јануари, 2021 во 11:38
15.01.2021
Водостоите на сите реки во земјава се повисоки од просечните, но втор ден бележат тенденција на намалување.
„Во Општина Велес нивото на реката Вардар е намалена и нема опасност од излевање“ – соопштија од Центарот за Управување со кризи.
Добиена е информација дека на столбовите на мостовите на реката Вардар кај селата Пепелиште, Војшанци и Корешаница има наноси од гранки од дрвја. Известени се водостопанство Тиквеш и општините Неготино и Демир Капија за превземање на мерки за санирање на состојбата.
Стефани Манева
#водостој #рекаВардар #ОпштинаВелес #немаопасност #излевањенареки #ЦентарзаУправувањесоКризи