Во текот на викендот пронајдена е 16 годишната девојка која била пријавена за исчезната пред дваесетина дена
Објавено на 1 февруари, 2021 во 11:20
01.02.2021
Во текот на изминатиот викенд во Велес, околу два часот по полноќ пронајдена е 16 годишната девојка, која беше пријавена како исчезната.
-„На 31.01.2021 во 02.00 часот на ул.„Шефки Сали“ во Велес, полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес ја пронашле А.С.(16) од Велес за која на 09.01.2021 беше пријавено дека се оддалечила од домот“. –соопшти Верољув Додевски, потпарол на Сектор за внатрешни работи – Велес.
Таа била исчезната повеќе од 20 дена, малолетната девојката била предадена на своите родители.
Стефани Манева